УЕФА е подготвена повторно да ги одложи натпреварите од завршницата на Лигата на Нации, меѓу нив и дуелот меѓу Македонија и Косово што неодамна беше презакажан за 4 јуни. Зголеменото ширење на коронавирусот и стравувањата дека ниту на почетокот на јуни нема да има нормални услови за фудбал се причините поради кои европската куќа на фудбалот е подготвена за нова промена на терминот.
Ова ќе биде една од главните теми на закажаниот состанок на раководството на УЕФА со генералните секретари на националните федерации, на кој преку видео-конференциски повици ќе биде дискутирано за „вонредната состојба“ што владее во европскиот фудбал.
„На состанокот ќе се разгледуваат репрезентативните и клупските натпреварувања под УЕФА, ќе се дискутира за евентуално менување на теремини, а ќе стане збор и за трансфер-периодот и за договорите на фудбалерите“, се вели во краткото соопштение на европската куќа на фудбалот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













