УЕФА го помести натпреварот помеѓу Глазгов Ренџерс и Наполи од групите во Лигата на шампионите. Наместо на 13 септември, вторник, средбата ќе се одигра ден подоцна – на 14 септември, среда.
Причината за одложувањето е недостатокот на полиција за да се грижи за безбедноста, бидејќи голем дел од нејзините ресурси се посветени на процедурите околу погребот на кралицата Елизабета Втора.
Ова е прв натпревар на Глазгов Ренџерс на домашен терен во Лигата на шампионите по 12 години чекање.
„Поради некои ограничувања на ресурсите со кои се соочи полицијата деновиве, како и организацијата на настаните кои го придружуваат аџилакот и погребот на нејзиното височество Елизабета Втора, натпреварот е презакажан за 24 часа подоцна, се вели во официјалното соопштение од клубот од Глазгов.
„Ренџерс признаваат дека промената на датумот може да предизвика непријатности за нашите верни поддржувачи. Ќе им биде вратена сумата на оние наши навивачи кои не можат да присуствуваат на натпреварот“, се додава во соопштението на Глазгов Ренџерс.
Елизабета Втора почина на 8 септември на 96-годишна возраст. Во Велика Британија е прогласена десетдневна жалост.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













