
Килијан Мбапе летово беше на прагот да се пресели во Реал Мадрид, но ПСЖ одби неколку неверојатни понуди од Мадрид. Договорот на Мбапе со парижаните истекува на лето и јасно е дека ќе биде тешко да го задржи, а Французинот во последните неколку месеци прилично отворено зборува за се.
Така беше и овој пат кога зборуваше во интервју со Тиери Анри и рече дека ќе игра за голем клуб – што и да се случи. Тој откри и дека размислувал за заминување за време на Европското првенство.
„За време на Европското првенство си поставував многу прашања. Разговарав со моите родители, сфатив дека сакам да заминам, знаев дека сакам нов предизвик, а тие ми рекоа да се фокусирам на теренот. Можеби потрошив премногу енергија на други работи. Дали бев разочаран од неуспешниот трансфер во Реал Мадрид? Отпрвин бев разочаран, но јас сум од Париз, дома сум, со моето семејство, не играм во трета лига, но се борам за Лигата на шампионите. Но, сакам да откријам нешто ново. Што се однесува до мојата иднина, тоа нема да биде лесна одлука. Што и да се случи, ќе играм за голем клуб“, изјави Мбапе.
Многумина неговите зборови ги толкуваат како уште една потврда за трансферот во Реал Мадрид, бидејќи Мбапе не ни размислува за потпис на нов договор, ќе биде слободен агент, а негов сон е настап во дресот на „кралскиот клуб“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
