
Најактуелната ѕвезда на светскиот фудбал, Килијан Мбапе, изразил желба да се пресели во Реал Мадрид, пишува авторитетното германско издание „Билд“. Според медиумот, трансфер сагата со францускиот интернационалец е многу блиску да заврши.
Како што е познато, Реал веќе налета во преговорите со ПСЖ во текот на летото, но играчот потоа одби да го продолжи договорот со францускиот гигант и ќе замине како слободен играч на крајот од сезоната, освен ако не се случи нешто драматично во француската престолнина во следните неколку месеци.
Реал Мадрид е голем фаворит за потписот на ѕвездата, иако „кралскиот клуб“ сериозно ги промени намерите за него.
Според шпекулациите, Мбапе е подготвен да потпише со Реал доколку клубот се согласи да му исплати годишна плата од најмалку 70 милиони евра. Во исто време, сепак, стана јасно дека шпанскиот гигант не е подготвен ниту да се приближи до оваа сума.
Од Мадрид тврдат дека клубот ќе биде подготвен да плати не повеќе од половина од сумата за годишната плата на Французинот. Ова може сериозно да се одрази на конечната одлука на фудбалерот и да ја остави отворена вратата за уште еден европски гигант.
На големо се шпекулира дека Ливерпул внимателно ја следи ситуацијата со Мбапе, иако „црвените“ веројатно нема да можат да си дозволат да ги исполнат финансиските барања на напаѓачот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
