
Килијан Мбапе вечерва ќе се соочи со својот идол од детството, Кристијано Роналдо. Франција и Португалија ќе играат во четвртфиналето на ЕВРО 2024 во пресметка во Хамбург.
Новото засилување на Реал Мадрид никогаш не криеше дека „ЦР7“ е неговиот идол. Мбапе не пропушти да го пофали Роналдо, но сепак рече дека очекува вечерва тој да плаче на крајот, а Французите да се радуваат на пласман во полуфиналето.
„Нема да има друг Кристијано Роналдо. Тој инспирираше цела генерација. Има голови, трофеи, неговата биографија кажува сѐ. И тешко дека ќе биде достигната. Јас одам по мојот пат и не гледам да се споредувам. Сигурно дека ова е една нова фудбалска ера. Се надевам дека вечерва тој ќе биде разочаран и ќе плаче заедн со сограчите, затоа што Франција сака да оствари пласман во полуфиналето. Подготвени сме за уште една голема битка“, изјави Мбапе.
Натпреварот меѓу Франција и Португалија се игра вечерва од 21 часот во Хамбург.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
