
Францускиот ас Килијан Мбапе сѐ уште не е максимално опоравен од повредата на скочниот зглоб, тврди „Л’Екип“. Тој се врати предвреме во Мадрид за време на репрезентативната пауза, токму за да ја мине задолжителната рехабилитација.
Сепак, неговиот настап за Реал Мадрид на дуелот против Хетафе овој викенд сѐ уште е неизвесен.
Мбапе чувствува нелагодност и доколку во текот на утрешниот ден не добие дозвола за настап од лекарскиот тим, можно е да паузира затоа што Реал Мадрид и тренерот Чаби Алонсо не сакаат да ризикуваат пред Ел Класико со здравјето на својот најдобар фудбалер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal