Баерн Минхен го освои Париз победувајќи го ПСЖ со 0-1 на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Кингсли Коман беше стрелец на единствениот гол за баварскиот тим во 53.минута, а потоа Мбапе постигна гол кој не беше признат поради офсајд позиција на асистентот Нуно Мендеш.
Сепак, Мбапе е оптимист пред реваншот.
„Мислам дека можеме да победиме во Минхен. Само да бидеме здрави. Ако бидеме офанзивни како во финишот, тогаш сѐ е можно. Баерн покажа дека е ранлив, иако го респектираме нивниот триумф. Јас сакав да помогнам иако реално не требаше ниту да играм. Но, бев лимитиран и не можев да одиграм повеќе од оваа минутажа што ја добив. Се надевам дека ќе бидеме многу поуспешни во реваншот“, изјави Мбапе.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski