
Францускиот првак Пари Сен Жермен го победи Олимпик Марсеј со 4-0, но остана грижа за повредата на Килијан Мбапе кој го напушти теренот по само половина час. Сепак, тренерот Луис Енрике уверува дека не се работи за нешто сериозно и тој ќе се врати за најмногу десетина денови.
„Мбапе? Мислам дека не е ништо сериозно. Доби силен удар и болката не поминуваше. Одлучивме да излезе, за да не се направи посериозен проблем. Сепак, мислам дека многу брзо повторно ќе биде во тимот“, изјави Луис Енрике.
Два гола на дербито со Олимпик Марсеј постигна Гонсало Рамош, кој влезе на местото на Мбапе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal
