Connect with us

Мбапе ќе биде во тимот, но нема да биде стартер за Франција на дуелот со Холандија

Француската ѕвезда Килијан Мбапе ќе биде вклучен во тимот за вечерашниот натпревар против Холандија, но се очекува да биде на клупата за резерви. Како што откриваат француските медиуми, селекторот Дидие Дешамп ќе сака да го поштеди од најголеми напори.

Можно е Мбапе да влезе во игра во второто полувреме. Главната тешкотија за него ќе биде да се навикне на заштитната маска. Неговото место во нападот ќе го заземе Антоан Гризман или Маркус Турам.

Франција и Холандија остварија победи на првите натпревари на ЕВРО 2024 и вечерва ќе се сретнат во пресметка за првото место во групата Д.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови