
Французинот Килијан Мбапе испиша нова историја во Лигата на шампионите. Во натпреварот од шестото коло од групната фаза на ЛШ, тој вечерва против Клуб Бриж ја мина границата од 30 гола во елитното натпреварување.
На напаѓачот на ПСЖ му беа потребни само минута и 12 секунди за да го постигне својот прв гол против Бриж. Со тој гол, со 22 години и 352 дена стана најмладиот фудбалер во тоа натпреварување достигнувајќи ја бројката од 30 гола.
Тоа е и најбрзиот гол во Лигата на шампионите од септември 2016 година, кога Единсон Кавани постигна гол против Арсенал во 42. секунда.
Мбапе во седмата минута го постигна својот втор гол на натпреварот, а негов 31. гол во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
