Connect with us

Мбапе и Рудигер казнети од УЕФА, но ќе играат против Арсенал во ЛШ

Фудбалерите на Реал Мадрид, Килијан Мбапе и Антонио Рудигер, добија парични казни од УЕФА поради непристојна прослава на победата против Атлетико Мадрид, но нема да бидат суспендирани за претстојниот четвртфинален дуел со Арсенал.

УЕФА соопшти дека двајцата фудбалери добиле условна едномечна суспензија поради „повреда на основните правила за пристојно однесување“, која ќе биде на сила во наредните 12 месеци.

Инцидентот се случи по пенал-серијата во осминафиналето на Лигата на шампионите, одиграна на 12 март, кога на видеа што се проширија на социјалните мрежи се гледа како Мбапе се фаќа за меѓуножјето додека ја слави победата.

Рудигер е казнет со 40.000 евра, Мбапе со 30.000, додека Дани Себаљос, исто така од Реал, ќе плати 20.000 евра.

Во истрагата беше вклучен и Винисиус Жуниор, но против него не беа покренати обвиненија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови