Двете најголеми млади ѕвезди во европскиот фудбал, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, се согласиле за трансфер во Реал Мадрид, открива “АС”. Тие му ветиле на претседателот на клубот Флорентино Перез дека нивен следен клуб ќе биде Реал Мадрид. Мбапе би можел да пристигне ова лето, додека Халанд би дошол во јули 2022 година на “Бернабеу”.
Пари Сен Жермен најави дека нема да го продава Мбапе, но неговиот договор истекува наредното лето кога тој би бил слободен играч. Оттаму многу реално е трансферот да се случи во овој летен преоден рок.
Халанд би пристигнал следното лето. Тогаш отштетата за негово заминување ќе биде фиксни 75 милиони евра и Реал Мадрид би ги уплатил без проблем.
Во меѓувреме Флорентино Перез размислува и за нов тренер доколку замине Зинедин Зидан. Првата опција е италијанскиот стратег Масимилијано Алегри.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal