Connect with us

Мбапе и Ал-Келаифи имале жестока караница пред неговиот последен меч: Се тресеа ѕидовите на „Паркот на принцовите“

Килијан Мбапе имал жестока расправија со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, во неделата вечерта, пред натпреварот со Тулуз, последниот домашен натпревар на ПСЖ во првенството и последниот на Мбапе на „Паркот на принцовите“ како играч на клубот. Наводно, катарскиот милијардер му замерил на Мбапе бидејќи Французинот не го споменал во неговото проштално видео, кое пред натпреварот беше прикажано на големиот екран на стадионот во Париз.


Според „Ле Паризиен“, дошло до жестока расправија меѓу Мбапе и Ал-Келаифи, кои не зборуваат откако Мбапе објави дека ќе замине во Реал на крајот на сезоната. Тие се затвориле во соба од каде се слушале жестоки извици.

„Ѕидовите се тресеа“, пишува францускиот весник.

Мбапе (25) дојде во ПСЖ во 2018 година за 180 милиони евра од Монако. Иако играше со Меси и Нејмар и постигна 256 и постигна 108 гола за ПСЖ на 307 натпревари, тој не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Тоа не му успеа ниту годинава, ПСЖ беше елиминиран во полуфиналето од Борусија Дортмунд. Веќе некое време е незадоволен и сака да си замине. Претседателот на клубот го задржа пред две години со еден од најголемите договори во историјата на фудбалот.

Месечно заработува околу 6 милиони евра бруто (2,7 милиони нето), а доби бонус од 180 милиони евра само за потпишување на договорот и дополнителни 70 милиони на крајот од секоја година од договорот, кој требаше да трае до три години. Но, му беше понудена опцијата да замине бесплатно по две сезони и тој реши да ја искористи таа опција.

Ова го налути Ал-Келаифи, но и покрај жестоката вербална пресметка со него во неделата, тој синоќа реши да се раздели со него со изрази на благодарност и почит. На церемонијата на која беше прогласен за најдобар играч во сезоната на француската лига, тој рече:

„Им благодарам на сите луѓе во клубот и на претседателот. Ќе ми недостигаат. Но, заминувам со крената глава”.

Иако одамна се знае кога и каде заминува Мбапе, тој одбива да го спомене Реал.

Вака одговори на новинарското прашање каде заминува.

„Сѐ во свое време. Засега можам само да кажам дека заминувам од ПСЖ. Што се однесува до останатото, сѐ уште не е време за тоа. Татко ми сакаше да влезам во историјата на Лига 1 пред да заминам. Тоа беше долго патување и среќен сум што успеав да го сторам тоа и ме прави многу среќен“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови