
Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, беше одличен во реваншот против Манчестер Сити (3:1) во плејофот од Лигата на шампионите. Тој постигна хет-трик и имаше клучна улога во победата на својот тим и пкасманот во осминафиналето. Интересно е што Мбапе посака Реал да се сретне со Атлетико Мадрид во следната фаза.
„Секогаш сум велел дека не само што сакам да го остварам својот сон, туку сакам и да играм добро. Сакам да започнеме нова ера. Знаев дека не можев да играм полошо од тоа што го покажував на почетокот на мојот престој во Реал. Едноставно, требаше да почнам да играм со повеќе самодоверба. Што се однесува до головите – не си поставувам цели. Ако можам да постигнам 50 голови, ќе го направам тоа. Можеби дури и повеќе. Но во мојата кариера досега често се случувало да постигнувам многу голови, а да не освојувам трофеи. Ако можам да давам голови и да освојувам титули во исто време, веднаш прифаќам таков договор“, се пошегува Мбапе.
„Ова беше совршена вечер. Сакавме да победиме и тоа го направивме на вистинскиот начин. За нас е логично Реал да биде во осминафинале. Дадовме сè од себе пред нашите навивачи и победивме затоа што игравме подобро од Манчестер Сити, кој секогаш е тежок противник“, додаде Французинот.
Во осминафиналето Реал може да се сретне со Атлетико Мадрид или Баер Леверкузен, но напаѓачот претпочита дуел со „јорганџиите“.
„Искрено кажано, би сакал да играме против Атлетико. И тие, и Баер се силни тимови, така што во двата случаи ќе биде тешко. Но, во следната фаза би било подобро да не патуваме толку многу – досега премногу патувавме!“, заврши Мбапе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
