Connect with us

Мбапе ги врати „кралевите“ во колосек со триумфот над Атлетик Билбао (ВИДЕО)

Реал Мадрид се врати на победите во Ла Лига, славејќи убедливо со 0-3 на гостувањето кај Атлетик Билбао. „Кралскиот клуб“ ја прекина серијата од три натпревари без триумф во првенството и вечерва беше на ниво на тешкото гостување.

Килијан Мбапе беше големиот херој – два гола и асистенција за Едуардо Камавинга.


Французинот го отвори резултатот уште во седмата минута, а во 42. со глава проигра Камавинга за водство од 0-2.
Во 59. минута Мбапе стави точка на победата со својот втор погодок.

По оваа победа, Реал Мадрид со 36 бода е втор на табелата, само бод зад лидерот Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови