Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, даде заобиколен одговор на прашањето дали ќе остане во клубот и следната сезона. Напаѓачот постигна еден од головите во победата од 2-0 над Тулуз во дуелот од Суперкупот на Франција.
„Сè уште немам донесено никаква одлука. Не сум направил конечен избор. Имаме договор со претседателот Ал-Хелаифи, што значи дека сите страни се заштитени. Целосно сум фокусиран на мојот настап и на тимот, а не на ситуацијата околу мојата иднина“, изјави Мбапе.
Францускиот репрезентативец игра за ПСЖ од 2018 година. Тој има договор со клубот до летото оваа година, по што ќе стане слободен играч. За него најсериозен интерес покажува Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













