
Победа ја совлада Струга Трим Лум со 2-0 и му го нанесе вториот последовен пораз во шампионатот. Тоа го искористика Шкупи, Шкендија и Силекс кои славеа триумфи и се доближија до лидерската позиција на сега полесно достижни три, односно четири бода.
Адтхе Мазари во 32.минута искористи дел од невниманието во противничката одбрана и донесе водство, а во 79.минута уште еднаш се снајде одлично, украде една вратена топка погоди и вторпат.
Шкендија се доближи сега на три бода негатива со минималниот триумф (0-1) на гости против Скопје. Љупчо Дориев беше стрелец на победоносниот гол во 32.минута од дуелот.
Шкупи го победи Тиквеш со 4-2. Младеновски го отвори резултатот, Фреди Алварез зголеми на 2-0, а Бесир Демири постигна трет гол. Тиквеш сепак не се предаде лесно, Вареловски во 72.минута намали на 3-1, а пет минути подоцна кавадарчани постигнаа уште еден гол преку Мишов. Сепак, Гаги Маргвелашвили во 87.минута ги расчисти дилемите околу победникот.
Силекс го победи Работнички на комплексот на ФФМ со 0-1. Обадовиќ во 22.минута доби топка на работ на шеснаесетникот и со лоб удар го надмудри Игор Алексовски кој тргна да го скрати аголот.
ПРВА ЛИГА, 12.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ПОБЕДА – СТРУГА ТЛ 2-0
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА 0-1
ШКУПИ – ТИКВЕШ 4-2
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 0-1
ВЧЕРА: БРЕГАЛНИЦА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
