
Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди го води Галатасарај до титулата турски шампион, но се чини дека нема да остане во Истанбул.
Оваа сезона постигна 30 гола во сите натпреварувања и сѐ уште е „смртоносен“ пред противничкиот гол.
Тој остави најголема трага во Италија, а како што тврдат италијанските медиуми, Икарди ова лето ќе се врати на Апенините.
Имено, амбициозниот Комо, предводен од клупата од Цеск Фабрегас, а еден од сопствениците е Тиери Анри, сака да изгради респектабилен тим. Нивна желба е аргентински тандем во нападот, Мауро Икарди и Хоакин Кореа.
Двајцата се поранешни играчи на Интер, а Кореа сѐ уште е член на миланскиот клуб, но нема да остане таму по завршувањето на позајмицата во Олимпик Марсеј.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
