Англискиот премиерлигаш Тотенхем се раздели со Жозе Мурињо и интензивно бара квалитетен стратег што би го преземал кормилото од почетокот на новата сезона. „Спарс“ ќе бидат дел од Европската Суперлига, а раководството на клубот ќе се обиде да го доведе Маурицио Сари, поранешниот тренер на Јувентус и на Наполи.
Даниел Леви е близок со агентот Фали Рамадани кој се вклучува во процесот за изнаоѓање на нов менаџер на Тотенхем. Во опција е и Брендан Роџерс, кој не се прослави во Ливерпул, но затоа беше одличен во Селтик и сега во Лестер.
На Маурицио Сари му истекува договорот со Јувентус кој не беше прекинат иако тој замина од клупата, а Тотенхем за него изгледа како одлична опција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













