Италијанскиот калчолигаш Наполи е на прагот да ја прекине соработката со тренерот Валтер Мацари, по само неколку месеци.
Искусниот стручњак го презеде тимот од Руди Гарсија во средината на ноември. Тим кој немаше самодоверба и имаше низа неуспеси во домашното првенство во сезоната во која го брани трофејот шампион на Италија.
Многумина беа скептични со оглед дека тимот на Наполи не беше изграден за формацијата што ја форсира Мацари со тројца дефанзивци во последната линија, и тие беа во право. Лошите резултати продолжија да се трупаат, немаше напредок, а првиот човек на клубот Аурелио де Лаурентис деновиве размислува да го отпушти и доколку тоа се случи, Наполи ќе остане без тренерот за натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите в среда.
Освен ако не се договорат за експресна замена, што веќе наголемо се споменува. Се работи за актуелниот селектор на Словачка, Франческо Калцона, кој работеше како помошник на Маурицио Сари и на Лучијано Спалети. Тој би останал на клупата на словачката репрезентација барем до крајот на сезоната и би ги извршувал двете функции истовремено.
Наполи е само на деветтото место во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













