Германскиот интернационалец Матс Хумелс најверојатно ќе се приклучи на Реал Сосиедад, објавуваат медиумите во Шпанија. Фудбалерот во моментот е слободен агент по истекувањето на неговиот договор со Борусија Дортмунд во јуни.
Според информациите на „Кадена Сер“, Хумелс веќе постигнал принципиелен договор со клубот.
Хумелс ќе потпише едногодишен договор со опција за продолжување за дополнителни 12 месеци. Се очекува договорот да биде официјализиран во понеделник, што значи дека тој ќе може да биде на располагање на Реал Сосиедад за следниот натпревар против Алавес во среда.
Матс Хумелс ќе пристигне во тимот како замена за Робин ле Норман, кој се приклучи на Атлетико Мадрид претходно ова лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













