Вардар има предност од 3-0 против Ла Фиорита пред реваншот во Сан Марино, но ќе игра максимално анагажирано, за да го потврди пласманот во следната рунда со уште еден триумф.
Стоперот и еден од носителите на одбраната, Мислав Матиќ, нагласува дека тимот мора да влезе во вториот натпревар со максимална концентрација и сериозност, без оглед на резултатот од првиот дуел во воведното квалификациско коло од Конференциската лига.
„Овој меч го третираме како да започнува од нула. Нема простор за опуштање. Секогаш играме за победа, без разлика на резултатот од претходниот натпревар. Наш приоритет е прво да го завршиме овој двомеч успешно, па потоа ќе размислуваме за понатаму. Сметам дека имаме поквалитетна екипа и ако повторно бидеме дисциплинирани и фокусирани како во Скопје, нема да имаме проблеми. Ла Фиорита има брзи играчи во офанзива, а денешниот фудбал не нуди лесни противници – доволно е да се спомене случајот со Борац Бања Лука, кој загуби со 4 гола од тим од Андора. Затоа мораме да останеме целосно посветени. Имаме одлична стартна позиција и во четврток ќе се обидеме да ја потврдиме“, изјави Матиќ.
Натпреварот помеѓу Ла Фиорита и Вардар ќе се одигра в четврток, со почеток во 21 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













