Манчестер Сити оствари огромна победа во можеби клучниот натпревар сезонава и пред својата публика на „Итихад“ славеше над Астон Вила со 2-1. Голот за победа во Манчестер беше постигнат во 93. минута за делириум на трибините и огромна радост на Пеп Гвардиола и „граѓаните“.
Дербито за пласман во Лигата на шампионите започна со погодок уште по само седум минути игра, а на водство се радуваа домашните фанови. Мрежата на Емилинано Мартинез ја затресе Бернардо Силва, кој конечно го прекина постот и по пауза од четири месеци погоди во Премиер – лигата.
Но, радоста на домаќините не траеше долго, затоа што Маркус Рашфорд во 18. минута стрелаше за 1-1. Англискиот репрезентативец погоди од белата точка и со тоа го запиша само вториот погодок за Вила оваа пролет.
Во вториот дел двете екипи потфрлија во целост. Гостите од Бирмингем како да беа задоволни со бодот и се повлекоа, додека „граѓаните“ уште еднаш покажаа немоќ и безидејност во моментите кога треба да го нападат противникот. Сепак, во самата завршница, односно во третата минута од продолжението Доку побегна по левата страна и го проигра Матеус Нуњес кој од непосредна близина ја смести топката во мрежата за победа на Сити од 2-1.
Со оваа победа Сити се искачи на третата позиција на табелата во Премиер лигата, додека Астон Вила останува на седмото место.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус шокиран на Сардинија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Евро-фудбал
Шоу на Дембеле, ПСЖ убедлив против Лил (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Прва лига
Сухел Мухареми го засили Работнички













