
Веста за смртта на легендарниот Франц Бекенбауер вознемири уште еден голем играч во историјата на германскиот фудбал, Лотар Матеус.
Toj беше капитен на селекцијата која во 1990 година под водство на Кајзер Франц ја освои титулата на Светското првенство во Италија.
„Шокот е огромен, иако знаев дека Франц не се чувствува добро“, изјави Матеус за „Билд“. „Неговата смрт е голема загуба за фудбалот и за Германија воопшто. Беше еден од најголемите како фудбалер, потоа како тренер, а потоа и надвор од теренот. Франц беше извонредна личност не само во фудбалот, познат низ целиот свет. Секој што го познаваше можеше да види колку дарежлив човек е. Еден добар пријател нѐ напушти. Ќе ми недостига, како и на сите други“, истакна Лотар Матеус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
