
Поранешната ѕвезда на Баерн Минхен, Лотар Матеус, му препорача на Томас Милер да ја продолжи својата кариера во САД, по завршувањето на долгогодишниот ангажман во баварскиот клуб.
Милер, кој има 35 години, ќе го напушти Баерн во јуни, откако клубот реши да не му понуди нов договор по речиси 25 години поминати во Минхен.
„Не е моја работа да давам совети, но Томас има многу опции, особено надвор од Германија. Го гледам во МЛС лигата, а и јас имам искуство таму“, изјави Матеус. Тој играше за МетроСтарс (денешен Њујорк Ред Булс) во 2000-01 година.
„Како животно искуство, тоа би била одлична одлука. Го гледам или во Њујорк Ред Булс, поради блискоста со Минхен и полесното патување, или во ФК Лос Анџелес, со кој Баерн има партнерство“, додаде Матеус.
Баерн Минхен и ФК Лос Анџелес започнаа соработка во 2023 година за развој на млади фудбалери, што дополнително ги зацврстува шпекулациите за можен трансфер на Милер во американската лига.
Матеус исто така коментираше за можниот трансфер на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен во Баерн Минхен. Според него, трансферот е „многу веројатен“, иако се очекува висока отштета.
„Ули Хенес, почесниот претседател на Баерн, го сака Вирц. Тој е во контакт со неговото семејство веќе подолго време, тоа не е тајна“, вели Матеус.
Вирц има договор со Баер Леверкузен до 2027 година, а неговата вредност изнесува над 100 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski