Крилниот напаѓач Матеј Цветаноски се наоѓа пред трансфер во култниот босански клуб Железничар, откриваат босанските медиуми. Тој ќе се приклучи на подготовките на тимот на Златибор, а во наредните денови ќе биде и официјално промовиран како ново засилување.
Матеј Цветаноски е слободен фудбалер откако ја заврши соработката со Брера, а деновиве се споменуваше и како потенцијално засилување за Вардар. Сепак, тој ќе заигра во првенството на БиХ во новата сезона.
Овој 26-годишен офанзивец минатата сезона за Брера одигра 25 натпревари, успевајќи да постигне четири гола и да запише исто толку асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













