Актуелниот светски шампион Аргентина ќе ја има својата селекција на Олимписките игри во Париз благодарение на големата победа од 1-0 над Бразил во претквалификациите.
Селекторот на селекцијата до 23 години е познато фудбалско име – Хавиер Маскерано, а со оглед дека со години играше со Лео Меси и со Анхел ди Марија, се очекува да тој да лобира тие да се појават во составот на „гаучосите“ во Париз.
„Треба да бидеме внимателни. Сите го знаат мојот однос со Лео и со Анхел. Ние сме пријатели. Како селектор имам обврска да ги повикам, но се подразбира и дека имаат други обврски и од тоа ќе зависи. Не е толку едноставно. Има време да се зборува за тоа“, изјави Маскерано за „Марка“.
Маскерано беше двократен олимписки шампион со Аргентина во 2004 година во Атина и 2008 година во Пекинг. Во тимот кој го одбрани златото беше и Лео Меси.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski