
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска во 10 часот во хотелот „Хилтон“ во Скопје ќе го одржи Редовното изборно генерално собрание на кое се очекува актуелниот претседател, Масар Омерагиќ, да биде реизбран на функцијата со полн четиригодишен мандат, до 2029 година.
Омерагиќ ја презеде функцијата претседател на ФФМ пред три месеци, на Вонредното собрание одржано на 22 декември 2024 година, по оставката на претходниот претседател, Муамед Сејдини. Во изминатиот период, тој ја доби целосната поддршка од општинските фудбалски сојузи во Македонија, што укажува на високото ниво на доверба во неговото водство.
За време на неговиот мандат, Омерагиќ оствари средби со претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, и доби поддршка од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Тој ги вклучи во работата на федерацијата фудбалските легенди како Горан Пандев, Илија Најдоски, Ѓорѓи Христов, Агим Ибраими и Игор Митрески. Исто така, успеа да обезбеди два големи спонзори, „Гранд Ауто“ и „Новоматик“, и иницираше реформи во младинските селекции со именување нови селектори.
Со оглед на овие постигнувања, се очекува Омерагиќ да биде реизбран со акламација на денешното собрание, продолжувајќи да ја води ФФМ во следните четири години.
Како претходница на денешното Изборно собрание вчера беше одржана седница на Управниот одбор на ФФМ, на која беа донесени неколку одлуки.
Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката со кое Собранието на ФФМ го овластува Управниот одбор да се извршат промени во системот на натпреварување во сите категории;
Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката за реформа на организациската структура на Фудбалската федерација на Македонија;
Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката за основање на трговско друштво на ФФМ со цел комерцијализација / физичка продажба на опрема и реквизити ФФМ / Фан-Шоп;
Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката за отпочнување на активности за формирање на арбитража на ФФМ;
Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката за членови за Комисија за избори и верификација, Надзорниот одбор, Комисија за жалби, Дисциплинска комисија, етички одбор и дисциплински инспектор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Фудбалерите до 15 години поразени од Хрватска на вториот тест
