Новиот прволигаш Воска Спорт имаше успешна сезона во елитата и успеа да опстане во прволигашкото друштво, а може да се пофали дека во својот тим го има и најдобриот стрелец во шампионатот. Тоа е црногорскиот интернациналец Алекса Марушиќ. Тој постигна вкупно 17 гола оваа сезона во Првата лига и се закити со епитетот „крал на стрелците“.
Веднаш зад него се адутите на шампионот Струга ТЛ, Бесарт Ибраими и Марјан Радески кои постигнаа по 15 гола.
Ланре Кехинде од Гостивар заврши со 12 постигнати погодоци, Аганспасиќ од Шкендија има 11, а двоцифрен број голови постигна и Едиз Спахиу од Тиквеш (10).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













