Кевин де Бруин се приклучи на белгиската фудбалска репрезентација во пресрет на Европското првенство откако направи операција на носот и на коската на лицето. Селекторот Роберто Мартинез го опиша доаѓањето на Де Бруин во салата за ручек во тренинг центарот Тубизе како настан на денот.
„Тој го гледаше нашиот натпревар со Хрватска. Се чувствува одлично со тимот. Го чекаме да заздрави и да се врати на теренот“, изјави Мартинез.
Де Бруин беше сериозно повреден во судир со играчот на Челси, Антонио Рудигер, во финалето на Лигата на шампионите на 29 мај во Порто. Поради повреда, тој мораше да излезе во 60. минута од натпреварот, кој заврши со победа на лондонскиот тим.
Играчот за врска во неделата повторно беше прогласен за најдобар играч на англискиот фудбалски шампионат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal