Поранешниот истакнат фудбалски репрезентативец Мартин Штокласа е именуван за нов селектор на селекцијата на Лихтенштајн. Тој го објави списокот од 23 фудбалери на кои ќе смета за мечот против Македонија во Скопје на 28 март, како и на дуелите со Ерменија и со Исланд, во првата сесија од квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година.
Изоставени се ветераните Денис Салановиќ, Мартин Бухел и Марсел Бухел, а Штокласа им дава шанса на дел од помладите сили.
„За мене е голема чест, а воедно и огромен предизвик да ја предводам фудбалската репрезентација на Лихтенштајн. Ќе се трудам да одговорам на предизвикот“, изјави Мартин Штокласа.
Тој го објави списокот од 23 фудбалери за претстојната репрезентативна акција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













