Францускиот интернационалец Антони Марсијал ќе го напушти „Олд Трафорд“, но ќе замине на позајмица таму каде што ќе одлучи Манчестер Јунајтед. Тоа најверојатно ќе биде италијанскиот калчолигаш Јувентус.
Антони Марсијал е во центарот на уште еден островски скандал откако Ралф Рангник по мечот со Астон Вила изјави дека Французинот не сака да патува со тимот во Бирмингем. Фудбалерот тоа го негираше, велејќи дека никогаш не би одбил да игра за Манчестер Јунајтед.
Неколку дена претходно пристигна информацијата дека најверојатно нема да има ништо од најавениот трансфер на напаѓачот во Севилја. Двата клуба не можеа да се договорат за платата на фудбалерот, со оглед дека Севилја не е во можност да му плаќа на Марсијал 200.000 фунти неделно, колку што заработува на „Олд Трафорд“.
Јувентус покажал поконкретен интерес за францускиот репрезентативец, но, сепак, се уште нема финален договор. „Старата дама“ ги разгледува условите под кои Марсијал би можел да се пресели во Торино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













