Connect with us

Марсијал изненади со изборот на следниот клуб

Францускиот напаѓач Антони Марсијал е подготвен да се пресели во Шпанија. Тој само повремено добива шанса во Манчестер Јунајтед и долго време инсистира да си замине од „Олд Трафорд“ и речиси е сигурно дека клубот ќе го пушти во јануари.


Иако Њукасл имаше намера да го позајми, па дури и да плати 6 милиони фунти за пет месеци, самиот фудбалер ја избра Севилја. Тој е на прагот на трансфер во Андалузија.

Марсијал го бараат и Јувентус и Барселона, но тој одлучи да замине во тимот на Хулен Лопетеги, кој моментално е второпласиран во Ла Лига и има можност да се бори за титулата со Реал Мадрид.

Марсијал е свесен дека можеби повторно ќе биде на милост и немилост на тренерот во некој од великаните, а очекува да биде стартер во Севилја и неговите лични амбиции се поклопија со амбициите на поранешниот освојувач на Лига Европа.

Напаѓачот, кој е резерва во Манчестер, се очекува во наредните денови да разговара со новиот менаџер Ралф Рангник и да побара зелено светло за комплетирање на трансферот во Севилја.

26-годишниот напаѓач оваа сезона одигра вкупно седум натпревари и постигна еден гол, а на теренот во просек минувал само 29 минути.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови