
Реал Мадрид ќе го загуби Марсело за реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Челси затоа што е повикан да ги надгледува локалните избори во Мадрид. Изборите за Собранието на Мадрид се одржуваат на 4 мај, а според шпанските медиуми, по случаен избор, Марсело е избран да биде дел од избирачко место за изборите.
Иако тие се одржуваат пред натпреварот, тимот на Реал ќе мора да патува за Англија претходниот ден. Од „кралскиот клуб” се обидуваат да го убедат Избирачкиот одбор дека нивниот дефанзивец мора да патува со останатите соиграчи во вторник. Сепак, во моментот, жалбите не наидуваат на одобрение.
Инаку за потсетување, во 2019 година, голманот на Леванте, Аитор Фернандез, беше ослободен од должноста на избирачкото место, при што Избирачкиот одбор ја прифати втората жалба на клубот. Тој настапи против Атлетик Билбао истиот ден.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal