Connect with us

Марсело го напушта Олимпијакос

Легендарниот Бразилец Марсело наскоро би можел да го раскине договорот и да си замине од Олимпијакос. Марсело нема добри односи со тренерот Мичел, од пристигнувањето во Пиреја никогаш не бил стартер, а вкупно на пет меча на теренот мина само 121 минута.


Да потсетиме, летово беше пречекан како бог, преполниот стадион во Атина го пречека со огномет, но се чини дека Марсело веќе не е во доволно добра форма ниту за Олимпијакос.

Пред да дојде во Олимпијакос, Марсело помина 15 сезони во Реал Мадрид, ги освои сите можни трофеи и стана играчот со најмногу трофеи во историјата на „кралскиот клуб“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови