Connect with us

Марота го сака Рудигер во одбраната на Интер

Ако на некој добар играч му истекува договорот – тогаш се појавува Џузепе Марота. Според италијанските медиуми, директорот на Интер ќе се обиде да го доведе стоперот на Челси, Антонио Ридигер, чиј договор со „сините“ истекува на крајот од актуелната сезона.


За неговите услуги се заинтересирани и Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, но несомнено е дека Марота ќе даде се од себе за да го привлече во градот на модата.

Германскиот репрезентативец одби да го продолжи договорот со Челси и сега останува да одлучи во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови