
Египетскиот напаѓач Омар Мармуш, е на чекор да потпис со Манчестер Сити. Ова стана очигледно откако Мармуш го пропушти синоќешниот натпревар за Ајнтрахт Франкфурт и се прости со навивачите на клубот.
Мармуш оваа сезона бележи фантастична статистика, со 20 постигнати голови и 14 асистенции на 26 натпревари, што го прави еден од најимпресивните играчи во Европа.
Според англиските медиуми, трансферот е проценет на 60 милиони евра. Овој потег ќе биде значајно засилување за тимот на Пеп Гвардиола, кој продолжува да инвестира во талентирани напаѓачи.
Ерлинг Халанд вчера го продолжи договорот со Сити до 2034 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal