
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, се пресели во Астон Вила на позајмица до крајот на сезоната. Оваа информација предмалку беше објавена од двата клуба.
Рашфорд, кој е дел од академијата на Манчестер Јунајтед од својата седма година, одигра 426 натпревари за клубот, постигнувајќи 138 голови и освојувајќи пет трофеи. Сепак, тој не беше во плановите на новиот менаџер Рубен Аморим и затоа одлучи да го напушти „Олд Трафорд“.
Со овој трансфер, Рашфорд стана третото зимско засилување за тимот на Унаи Емери, по доаѓањето на шпанскиот дефанзивец Андрес Гарсија од Леванте и холандскиот напаѓач Дониел Мален од Борусија Дортмунд. Исто така, се очекува во наредните денови Астон Вила да го потпише и Марко Асенсио од Пари Сен Жермен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен
