Кире Маркоски и Кристијан Трапановски се најновите засилувања на Академија Пандев, трансфери со кои струмичкиот прволигаш значително ја засили навалната линија на само неколку дена пред почетокот на новата натпреварувачка сезона.
Маркоски е актуелен репрезентативец на Македонија, доаѓа од редовите на чешкиот прволигаш Карвина, а претходно има настапувано и за Македонија ЃП, Работнички, Спартак Трнава и за АЕЛ Лимасол.
Кристијан Трапановски е младински репрезентативец и е повратник во тимот на Академија Пандев, откако пред неколку години замина во Славија Прага. Во својата кариера уште има настапувано и за тимовите на Татран Прешов, Викторија Жишков и Подбрезова.
Академија Пандев во првото коло му гостува на Пелистер, в недела со почеток во 17.30 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













