Connect with us

Маркоски и Демири: Работнички не се предава, можеме многу подобро отколку на првиот меч со Торпедо-Белаз

Работнички утре (18 часот) го пречекува Торпедо-Белаз во реванш мечот од првото квалификациско коло во Конференциската лига. Првиот меч треба да се заборави, иако секако резултатот (0-3) ќе стои како голема пречка за избраниците на Бојан Маркоски.

„Нѐ очекува реванш против Торпедо-Белаз, сега имаме комплетна слика за ривалот, а се надеваме дека ние ќе одиграме многу подобро отколку на првиот меч. Нема да размислуваме за резултатот, не заслуживме таков пораз, ќе се фокусираме на играта и ќе се трудиме да бидеме многу поконкретни. Верувам дека тимот ќе биде на потребното ниво и апсолутно не се предаваме, има уште 90 минути во кои Работнички има што да покаже, со мотив да ја анулираме негативата“, изјави тренерот на Работнички, Бојан Маркоски.

Капитенот Бесир Демири верува дека тимот може да одговори многу подобро отколку на дуелот што се играше во Унгарија.

„Знаеме дека мораме подобро од првиот меч во Унгарија. Торпедо-Белаз е квалитетен тим, но мислам дека ние можеме да одиграме многу подобро отколку првиот меч. Ако ги сведеме нашите грешки на минимум, и ако ги исполниме во целост тактичките замисли на стручниот штаб, можеме да се надеваме на многу подобар резултат“, изјави Бесир Демири на прес – конференцијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови