
Работнички се враќа на европската сцена по пауза од седум години. Тренерот Бојан Маркоски верува дека тимот може да обезбеди позитивен резултат против Торпедо-Белаз.

“Време е за европскиот предизвик. Се подготвувавме за ова, го анализиравме противникот, Торпедо-Белаз е квалитетен тим, но ние сакаме позитивно да го стартуваме ова европско лето. Верувам во тимот, ќе сториме сѐ да оствариме посакуван резултат и реваншот во Скопје по седум дена да го дочекаме со еден чекор поблиску до пласман во следното квалификациско коло. Работнички по седум години е повторно во Европа, и тоа апсолутно нѐ мотивира сите да дадеме и повеќе од максимум, и овде во Унгарија, како и на вториот меч во Скопје“, изјави Бојан Маркоски.
Капитенот Бесир Демири верува дека Работнички има капацитет за пласман понатаму.

„Се подготвувавме за ова, уште од првиот ден, кога почнавме со работа во оваа нова сезона. Тимот е подготвен за предизвикот, имаме своја цел и веруваме дека ќе ја исполниме доколку ја спроведеме на дело стратегијата на шефот на стручниот штаб Бојан Маркоски. Новите засилувања одлично се вклопија, атмосферата е на највисоко ниво и сите сме максимално фокусирани на утрешниот прв дуел со Торпедо-Белаз. Нѐ очекува голема битка, а се надеваме дека на крајот ќе има позитивен исход за нас“, истакна капитенот Бесир Демири.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
