
Искусниот Шпанец Маркос Алонсо наскоро би можел дресот на Челси да го замени со тој на Барселона. Алонсо не ја крие желбата да ги засили редовите на каталонскиот клуб, но јасно е дека не одлучува самиот, со оглед дека има важечки договор за уште една година.
„Имам договор, па не зависи се од мене. Мојата желба да играм еден ден во Шпанија е јасна“, изјави Алонсо.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона е подготвена да издвои меѓу 5 и 10 милиони евра за да го доведе на „Камп Ноу“.
Тој во Челси пристигна во 2016 година, а претходно настапуваше за Болтон, Фиорентина и за Реал Мадрид каде што израсна.
За шпанската репрезентација забележа осум настапи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal