Македонскиот интернационалец Марко Ѓорѓиевски по само неколку месеци го напушта романскиот Клуж. Тој ќе остане во првенството на Романија, но отсега ќе го носи дресот на прволигашот Херманштат.
Робусниот напаѓач ова лето од Силекс направи трансфер во Клуж, имаше добар старт на подготовките, а потоа се бореше за место во тимот. Доби шанса на неколку натпревари, но Клуж исто така слабо ја почна сезоната. Причините се и од финансиска природа, таму сериозно се доцни со исплатата.
Марко Ѓорѓиевски сега го остава Клуж зад себе и отвора нова страница во Херманштат. Тој минатата сезона беше најдобар стрелец во македонскиот шампионат во дресот на Силекс, заедно со Бесарт Ибраими од Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













