
Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио, е сè поблиску до враќање во Ла Лига ова лето, откако целосно го загуби своето место во составот на Пари Сен Жермен.
Асенсио ја мина втората половина од сезоната 2024/25 како позајмен играч во Астон Вила, во период кога ПСЖ ја освои титулата во Лига 1 и првата во својата историја од Лигата на шампионите. Сепак, англискиот клуб не ја активираше опцијата за откуп, особено откако не успеа да се пласира во ЛШ, а улогата на Асенсио во плановите на Луис Енрике останува нејасна.
Асенсио прејде во ПСЖ како слободен агент од Реал Мадрид во 2023 година, но не успеа да се наметне и сега се наоѓа пред клучна одлука за својата иднина.
Според информациите на „Л’Екип“, неколку клуба веќе стапиле во контакт со ПСЖ за евентуален трансфер. Најконкретен интерес покажа Фенербахче, каде што тренер е Жозе Мурињо, кој понудил 15 милиони евра, нешто помалку од барањата на парижаните, но преговорите се очекува да продолжат.
Сепак, Асенсио не е воодушевен од можноста да се пресели во Турција и чека понуди од посакувани дестинации. Повторно интерес покажал и Милан, а во трката се вклучува и Вилјареал, кој под водство на Марселино се врати во Лигата на шампионите и бара креативен играч по продажбата на Алекс Баена во Атлетико Мадрид.
За Асенсио, Вилјареал би можел да биде идеална можност за рестарт на кариерата, по неуспешниот престој во Париз. ПСЖ пак, е подготвен да го продаде веднаш, за да избегне ризик тој да замине како слободен агент во 2026 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
