
Барселона будно ја следи ситуацијата околу Марко Асенсио кому му истекува договорот со Реал Мадрид. Oваа вест ја објави каталонскиот Мундо Депортиво, па оваа информација треба да се земе со резерва.
Сепак, постојат неколку работи кои го прават овој исход не толку нереален. Првото е сигурно – Жорге Мендеш. Познатиот суперагент не е во добри односи со Флорентино Перез, но е со Хоан Лапорта.
Лапорта и Мендеш се обидоа на сите начини да го доведат Бернардо Силва на „Камп Ноу“ летово, но не успеаја. Со Асенсио ситуацијата е поинаква, бидејќи тој е во последната година од договорот и од 1 јануари, според правилото на Босман, има право да потпише преддоговор со следниот клуб.
Во тој случај, Асенсио следното лето би заминал без обештетување, што може дополнително да ја привлече Барселона, а покрај тоа што ќе „украде“ играч од директен ривал.
Проблемот е што крилните позиции во тимот на Чави се пополнети, но исто така не треба да заборавиме дека Мемфис Депај ќе го напушти клубот бидејќи и неговиот договор истекува.
Не е тајна дека Барселона го посакуваше Асенсио во летото 2015 година кога тој од Мајорка се пресели во Реал.
Асенсио има 26 години, му претстои најдобриот период во кариерата, но за почеток мора да се врати во старата форма, за која му треба минутажата која Анчелоти навистина не му ја дава…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
