Столе Димитриевски дојде во Валенсија како големо засилување ова лето, но засега останува на клупата за резерви, откако клубот не го продаде Ѓиорги Мамардашвили. Пточно, грузискиот репрезентативец потпиша договор со Ливерпул, но остана уште една сезона на „Месталја“ како позајмен играч.
Шпанскиот весник „Марка“ излезе со текст со наслов „Парадоксот на Димитриевски во Валенсија“.
„Димитриевски беше прво засилување за Валенсија во текот на летото, постојано бранеше во текот на подготовките и сѐ одеше во најдобар ред за него се до моментот кога беше одлучено Мамардашвили да дојде на едногодишна позајмица од Ливерпул. Оттогаш Столе има нула минути и уште чека на своето деби. Најголемото летно засилување седи на клупата и најверојатно ќе му биде дадена шанса во меч од Купот против екипа од некоја од пониските лиги во Шпанија. Ситуацијата за него не е лесна бидејќи пред да потпише беше слободен играч и имаше понуди и од други клубови од Шпанија и Европа, но Столе ја избра Валенсија затоа што очекуваше да биде прв голман и да го покаже својот квалитет“, се вели во текстот на „Марка“.
Димитриевски во јануари ќе одлучи дали ќе замине на шестмесечна позајмица во некој друг клуб, а потоа летото 2025 да се врати на „Месталја“ како прв голман откако Мамардашвили ќе се пресели во Ливерпул.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski