
Влијателниот шпански весник „Марка“ тврди дека Герет Бејл ќе ја заврши фудбалската кариера по Европското првенство. Велшкиот репрезентативец беше на позајмица во Тотенхем, а сега го чека враќање во Реал Мадрид каде за нов тренер е поставен Карло Анчелоти. Бејл и Анчелоти добро се согласуваа во првиот мандат на италијанскиот стратег, но „Марка“ тврди дека и тоа нема да ја промени одлуката на Бејл за завршување на кариерата.
Бејл е среќен само кога игра за репрезентацијата на Велс и има потешкотии да најде мотивација за фудбал на клупско ниво. На крајот од сезоната одигра неколку одлични натпревари за Тотенхем, но не може да го издржи притисокот дека треба секогаш да биде најдобар поради огромната плата.
Бејл планира да го одигра Европското првенство, а потоа да заврши со фудбалот и да му се посвети на голфот.
Тој има уште една година од договорот со Реал Мадрид, но веројатно ќе биде спогодбено раскинат. Со тоа „кралевите“ би заштедиле околу 20 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
