Connect with us

Марка: Роналдо потпишува за Ал Наср за годишна плата од 200 милиони евра

Кристијано Роналдо е многу блиску до договор со Ал Наср и трансфер во Саудиска Арабија, пишува „Марка“. Португалецот, кој среде сезона беше исфрлен од Манчестер Јунајтед по низа скандали, во Саудиска Арабија би заработувал околу 200 милиони евра по сезона. Саудијците му подготвија договор на две и пол години.


„Роналдо нема избор. Ниту еден европски тим не може финансиски да се доближи до понудата на Ал Наср, а не можат ниту клубовите од МЛС – лигата“, пишува „Марка“, шпанскиот весник близок до агентот на Роналдо, Жорге Мендеш. „Марка“ наведува и дека Мендеш и Роналдо веќе се согласиле на оваа понуда.

Ал Наср, клубот од Ријад, го предводи поранешниот тренер на Рома, Руди Гарсија, а најголеми ѕвезди на тимот се голманот Давид Оспина и поранешниот играч на Вилјареал, Алваро Гонзалес.
Ал Наср, заедно со градскиот ривал Ал Хилал, е најтрофејниот саудиски клуб.

Роналдо, кој е петкратен добитник на „Златната топка“, минатата година се врати во Манчестер Јунајтед. По разочарувачката сезона летово сакаше да го смени клубот, но на крајот остана на „Олд Трафорд“, а потоа се скара со тренерот и го критикуваше клубот во интервју. Претходно играше и за Спортинг Лисабон, Реал Мадрид и за Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови