Connect with us

Марк Нобл се враќа како спортски директор во Вест Хем

Поранешниот англиски фудбалер и легенда на Вест Хем, Марк Нобл ќе се врати во клубот оваа зима како спортски директор.


Половина година по завршувањето на кариерата, Марк Нобл, ќе се врати на интензивната работа во фудбалот, но на поинаква позиција – во фотелјата.


Како што потврдија од Вест Хем, Нобл тесно ќе соработува со Дејвид Мојс во улогата на спортски директор од јануари 2023 година.


„Легендата на клубот Марк Нобл официјално ќе започне со работа на 2 јануари 2023 година. Тој ќе работи како поддршка на тренерот Дејвид Мојс, како и на управниот одбор на клубот“, објави Вест Хем.


Марк Нобл одигра 550 натпревари за време на неговите 18 години во дресот на првиот тим на „чеканите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови