
Челси официјално го објави привлекувањето на младиот напаѓач на Барселона, Марк Гиу. Лондончани платија за еден од големите таленти на каталонците 6 милиони евра, колку што е неговата откупна клаузула.
18-годишниот напаѓач потпиша со Челси за пет години, со опција за уште една дополнителна сезона.
Гиу се истакна минатата сезона, откако постигна гол при неговото деби за Барселона во победата против Атлетик Билбао со 1-0 во натпревар од Ла Лига. На крајот, тој одигра вкупно седум натпревари за Барселона и постигна два гола. Освен тоа, има шест гола и четири асистенции во 17 натпревари за вториот тим на Барса.
„Огромна радост е за мене да потпишам договор со Челси. Од дете мојот сон е да играм во Премиер – лигата. Сега имам можност да дојдам во Челси и ќе работам напорно за да се докажам“, изјави тинејџерот по потписот на договорот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
